Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 600 гр. тестенини (панделки, полжавчиња)
- 170 гр. туна од конзерва
- 1 жолта бабура
- 1 црвена бабура
- 2 парчиња целер
- 60 гр. павлака
- 25 гр. сецкани маслинки
- 1 кромид ситно сецкан
- 40 гр. мајонез
- 2 лажици лимонов сок
- 1/4 лажичка оригано
- 1/4 лажичка босилек
- 1/4 лажичка мајчина душица
- 1/4 лажичка жалфија
- 1/4 лажичка црвен пипер
- сол и бибер
- 2 тврдо варени јајца
Подготовка
Сварете ги тестенините според упатството на ќесичката. Потоа процедете ги од водата и оставете ги во чинија да се изладат.
Во длабок сад измешајте ги изладените тестенини, туна, сецкани пиперки, целер, кромид, маслинки, павлака, мајонез и сите зачини.
Добро измешајте ги и оставете го садот еден час во фрижидер за да се искомбинираат вкусовите.
Сервирајте ја салатата декорирана со парчиња тврдо варени јајца и малку црвен пипер.
На здравје!