Време на подготовка:
40 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 125 мл. млеко
- 125 гр. маргарин
- 125 гр. брашно
- 4 јајца
- 300 гр. спанаќ
Фил
- 300 гр. сирење
- 100 гр. кисела павлака
- 200 гр. шунка
- 100 гр. мајонез за декорација
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Измешајте ги млекото и маргаринот во едно тенџере и зовријте ги на рингла на среден оган. Потоа додадете го брашното и мешајте се додека не добиете рамномерна смеса која ќе се одвојува од тенџерето.
Префрлете го тестото во поголем сад и со месење постепено додадете ги јајцата и ситно исецкан спанаќ.
Приготвеното тесто рамномерно распределете го во плех обложен со хартија за печење. Печете го во загреаната рерна 20 минути.
По печењето префрлете го тестото врз мокра кујнска крпа така што хартијата да остане одозгора. Внимателно отстранете ја хартијата, замотајте ги краевите од крпата околу тестото и оставете го малку да се излади. На овој начин тестото ќе омекне и ќе биде полесно да се мота во ролат.
Во меѓувреме изрендајте го сирењето и измешајте го со павлаката.
Кога ќе се излади ролатот отстранете ја крпата. Намачкајте го ролатот по целата површина со смесата од сирење и павлака.
Потоа на средината наредете ја шунката исечена на парчиња.
Внимателно замотајте го ролатот, завиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да се излади и да се зацврсти.
Ролатот сервирајте го исечен на парчиња со дебелина од 2-3 см. По желба декорирајте го со мајонез.