Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 250гр. кисела павлака
- 400гр. чадено пилешко
- 1 ќеса тортиља чипс по ваша желба
- 1 авокадо, исецкано
- 200мл. чили сос
- 5 лажици сецкан свеж магдонос
Подготовка
Во мал сад измешајте ја павлаката со две лажици топла вода.
Исецкајте го пилешкото на коцки.
На чинија за сервирање наредете еден слој тортиља чипс. Врз него додадете 1/3 од пилешкото. Прелијте го со 1/3 павлака, додадете авокадо, чили сос и сецкан магдонос.
Продолжете да ги редите преостанатите состојки во слоеви. Послужете ја салатата веднаш.
На здравје!