Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
24 парчиња
Состојки
- 250 гр. пилешко бело месо, ситно сецкани
- 500 мл. пилешка супа од коцка
- 10 гр. путер
- 80 гр. сецкана сланина
- 1/2 главица кромид, ситно сецкан
- 60 мл. бело вино
- прстофат морско оревче
- 2 лажици сецкан магдонос
- 5 парчиња (25 x 25см.) замрзнато лиснато тесто
- 1 јајце, лесно изматено
Подготовка
Ставете ја супата од коцка заедно со пилешкото во тенџере и зовријте ги на рингла. Намалете ја јачината и варете ги 20 минути. Потоа извадете го месото од течноста и оставете го да се лади.
Загрејте го путерот во тава на посилен оган. Испржете ги сланината и кромидот 5 минути. Додадете вино и гответе уште 2 минути. Додадете го пилешкото, морско оревче, магдонос, сол и бибер. Додадете и две лажици од супата.
Оставете ја смесата да се излади.
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Исечете го смрзнатото тесто на 48 парчиња. Наредете 24 парчиња на плех за печење намачкан со малку масло. Распределете ја смесата со пилешко врз секое парче. Потоа преклопете ги со останатите парчиња од лиснато тесто. Со вилушка притиснете ги рабовите за да се залепат. Премачкајте ги тестенините со изматено јајце и печете ги 20 минути.