Како од најдобар ресторан

Зачинето говедско

Рецепт за печено говедско месо, наполнето со лук и зачини.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
1 ч. 30 мин.

Вкупно време:
1 ч. 40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 кг. говедски мускул
  • 3-4 чешниња лук
  • 1/2 лажичка босилек
  • 1/2 лажичка мајчина душица
  • 1/2 лажичка рузмарин
  • 1/2 лажичка оригано
  • 2 лажички сув магдонос
  • 1 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 10 шампињони исецкани

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени.
Со остар нож направете повеќе засеци во месото. Во секој од процепите ставете парче лук. Во мал сад измешајте ги сите зачини заедно со маслиновото масло. Смесата од зачини намачкајте ја на месото.
Ставете го телешкото во огноотпорен сад. Исецкајте ги печурките и наредете ги околу месото. Прелијте го со вода до половина, покријте го и ставете го да се пече. Печете го месото покриено 1 час. Повремено отворете го капакот и прелијте го месото со течноста во која се пече. По еден час одстранете го капакот и печете го уште 20 минути или додека месото добие кафеава боја.
Кога месото ќе биде готово извадете го од рерна, покријте го со алуминиумска фолија и оставете го околу 15 минути пред да го сечете.
Сервирајте го месото со гарнир по вкус.
На здравје!

13 август 2012 - 07:00