Сицилијански специјалитет

Тестенини со карфиол

Малку необичен рецепт за тестенини.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 350 гр. тестенини по желба
  • ½ главица карфиол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици суво грозје (светло)
  • 1 чешне лук, ситно сецкан
  • сол
  • прстофат црвен пипер
  • 5 лажици свеж магдонос ситно сецкан
  • 2 лажици ситно сецкан копар
  • 1 лажица сок од лимон
  • 2 лажици рендан пармезан, плус дополнително за сервирање

Подготовка

Сварете ги тестенините во тенџере вода зачинета со сол, според упатството на ќесата.
Потоа исцедете ги од водата. Зачувајте половина чаша од водата во која ги варевте тестенините.
Изрендајте го на крупно карфиолот. Загрејте маслиново масло во голема тава на среден оган.
Додадете ги карфиолот, суво грозје и лук. Зачинете со ¼ лажичка сол и прстофат црвен пипер. Пржете го со повремено мешање околу 5-6 минути додека карфиолот да добие светло кафеава боја. Тргнете ја тавата од рингла и додадете ги внатре тестенините, магдонос, копар, рендан пармезан, сок од лимон и водата што ја зачувавте од варењето на тестенините.
Добро измешајте ги состојките. Сервирајте ги тестенините со дополнителен пармезан по вкус.

12 октомври 2012 - 10:20