Паста

Тестенини со домати и сирење

Лесен и брз ручек.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 180гр. моцарела исечена на мали парчиња
  • 1/4 лажичка буковец
  • 3 лажици маслиново масло
  • 20 чери домати
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 1 лажичка шеќер
  • 350гр. ситни тестенини
  • 4 лажици босилек

Подготовка

Сварете ги тестенините во тенџере зовриена вода спред упатството на ќесата. Процедете ги од водата и измешајте ги со лажица масло.
Во сад измешајте ги парчињата моцарела со буковец и зачинете ги со сол и бибер по вкус. Загрејте го остатокот од маслото во длабока тава и додадете ги преполовените чери домати и лукот. Зачинете ги со сол и бибер и додадете лажичка шеќер. Пржете ги 2-3 минути на средно силен оган. На крај додадете ја моцарелата. Додадете ги сварените тестенини и добро промешајте. На крај додадете ги ливчињата босилек и послужете ги тестенините веднаш.
На здравје!

11 јуни 2013 - 07:00