Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 900 гр. телешки шницли
- 4 јајца
- 180 гр. брашно
- 220 гр. лебни трошки
- 2 лажички босилек сушен
- 1 лажичка мајчина душичка сушена
- сол и бибер
- 2 чаши масло
- 1 лимон исечен на парчиња
Подготовка
Загрејте ја рерната на 75 степени. Во еден плиток сад изматете ги јајцата и зачинете со сол и бибер. Во друг плиток сад додадете го брашното. А во трет сад додадете ги лебните трошки и помешајте ги со босилекот и мајчината душичка. Секоја телешка шницла изчукајте ја со чук додека не биде тенка и рамномерна и зачинете ја со сол и бибер. Секоја шницла прво ставете ја во садот со брашно, потоа во садот со јајца, а потоа во лебните трошки. Ставете ги така подготвените шницли во чинија. Загрејте го маслото во тава на висока температура. Пржете ги шницлите додека не добијат златно кафена боја од двете страни. Подготвените шницли ставете ги во рерната да останат топли додека ги пржите останатите шницли. Послужете со парчиња лимон.