За љубители на свинско

Свинско со балсамирани компири

Вкусен предлог за неделен ручек.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
1 ч. 20 мин.

Вкупно време:
1 ч. 35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 компири исечени на крупни парчиња
  • 1 репка, излупена и исецкана
  • 1 кромид исецкан на крупни парчиња
  • 2 лажици маслиново масло
  • 30 гр. путер
  • 2 лажички рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • 150 мл. оцет балсамико

За месото

  • 1 кг. свинско
  • 2 лажички рузмарин
  • сол и бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 1 парче целер
  • 2 ловорови ливчиња

Подготовка

Исецкајте ги компирите и кромидот во еден сад.
Загрејте го путерот и 2 лажици маслиново масло во една тава на среден оган и пропржете ги исецканиот лук и 2 лажички рузмарин 1-2 минути. Додадете оцет балсамико и гответе ја смесата уште 5 минути додека да зоврие. Потоа истурете ја смесата врз компирите и кромидот и промешајте ги да се облијат.
Поставете ги компирите во огноопорен сад.


Загрејте ја рерната на 200 степени.
Целото парче свинско месо намачкајте го со сол, бибер и рузмарин. Потоа запржете го во тава со маслиново масло неколку минути, додека да добие светло кафеава боја.
Поставете го месото во садот врз компирите.

Во истата тава додадете сецкан кромид, лук, целер и ловорови ливчиња и пропржете ги со постојано мешање околу 3 минути. Истурете ги потоа врз компирите и месото, покријте го садот со капак и печете го во загреаната рерна 1 час. Потоа тргнете го капакот, внимателно промешајте ги компирите и печете го уште 20 минути.


Пријатен апетит!

7 септември 2012 - 12:44