Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
1ч. 30 мин.
Вкупно време:
1ч. 50 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 1 лажица анасон
- 2 лажици ситно изрендана кора од лимон
- 1/2 лажичка сол
- 1.5кг. свинско филе
- 2 главици црвен кромид, крупно исечен
- 2 лажички маслиново масло
- 50гр. брашно
- 500мл. пилешка супа од коцка
- 125мл бело вино
- 1 лажица сенф
- боранија на пареа или друг зеленчук по желба, како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Истолчете ги добро семињата анасон. Префрлете ги во чинија и измешајте ги со кора од лимон и сол. Поставете го свинското во плех за печење. Со раце притиснете ја смесата од анасон и лимон врз месото.
Околу месото ставете го кромидот и било кој зеленчук што ќе го одберете за прилог. (Предлагаме компири или тиква). Прелијте го со малку масло и печете го во рерна 1 час и 30 минути или додека да се испече месото.
Во меѓувреме во загрејте масло во длабока тава на среден оган. Додадете брашно и гответе го 1 минута со постаојано мешање. Додадете ја пилешката супа, бело вино и сенф. Гответе ја смесата со мешање 5-6 минути додека да се згусне. Зачинете ја со сол и бибер.
Исечете го свинското на подебели парчиња. Послужете го со печениот зеленчук, боранија зготвена на пареа и прелијте го со приготвениот сос.
Пријатен апетит!