Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
120 мин.
Вкупно време:
2 ч. 20 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 свински кременадли
- 2 парчиња лук истолчени
- 800 гр. доматен сос
- оригано сушено
- босилек сушен
- 1/2 чаша павлака
Подготовка
Загрејте масло во тава на средна температура. Пржете ги кременадлите по 2-3 минути од секоја страна додека не добијат златна боја. Додајте го лукот, доматниот сос, ориганото и босилекот. Оставете сосот да зоврие, намалете на ниска температурата, покријте ја тавата и гответе 2 часа. Зголемете ја температурата на средна, додадете ја павлаката, сол по желба и гответе уште 15тина минути со мешање, додека не се згусне сосот. Сервирајте со прилог по желба.