Свинско

Свински ќофтиња во сос

Вкусни свински ќофтиња во сос од црвени пиперки. 

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 450 гр. свинско месо мелено
  • 1 јаболко мало, излупено и изрендано
  • 1 парче лук ситно сецкано
  • 25 гр. лебни трошки
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 пакување шпагети
  • сол и бибер

Сос

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид ситно сецкан
  • 400 гр. сос од домати
  • 3 црвени пиперки печени
  • сол и бибер

Подготовка

Во длабок сад додадете го меленото месо, јаболкото, лукот, лебните трошки и сол и бибер. Измешајте ја смесата и формирајте 16 топчиња. Ставете ги на чинија, покријте ги во фолија и ставете ги да се изладат десетина минути.

Во меѓувреме направете го сосот. Загрејте масло во тава и пржете го кромидот неколку минути. Додадете го доматниот сос, исецканите пиперки, сол и бибер. Гответе го сосот околу 15 минути. Сосот може да го изблендирате за да биде помазен. Загрејте масло во друга тава и пржете ги ќофтињата 10 минути додека не добијат кафеава боја. Додадете ги ќофтињата во сосот и гответе ги уште 5-6 минути. Шпагетите сварете ги според инструкциите, изцедете ги и сервирајте ги со сосот и ќофтињата.

На здравје!

27 декември 2012 - 20:47