Италијанска кујна

Шпагети во сос од чери домати

Зачинет сос за шпагети од чери домати и инчуни.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 500 гр. чери домати пресечени на половини
  • 150 мл. маслиново масло
  • 3 чешниња лук, ситно сецкан
  • 2 чили пиперчиња, без семки, ситно сецкани
  • 6 инчуни во масло, исецкани
  • 1 зелена пиперка, ситно исецкана
  • 2 лажици бело вино
  • сол
  • 400 гр. шпагети
  • сок од 1 лимон
  • 3 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
  • рендан пармезан

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги пресечените домати на плех обложен со хартија за печење, зачинете ги со сол и прелијте ги со две лажици масло. Печете ги 20 минути.

Во меѓувреме сварете ги шпагетите, според упатството на ќесата, во тенџере со вода и малку сол. Потоа процедете ги од водата.

Загрејте го остатокот од маслото во длбока тава на рингла на среден оган. Пропржете го лукот, чили пиперчињата и инчуните 1-2 минути со постојано мешање. Додадете зелена пиперка, бело вино и печените чери домати. Гответе ги уште 3 минути додека да се згусне сосот. Додадете ги шпагетите на крај и промешајте ги со сосот.

Послужете ги шпагетите топли во длабоки чинии. Додадете малку сок од лимон и декорирајте со сецкан магдонос и рендан пармезан по вкус.

На здравје!

15 февруари 2013 - 07:00