Тестенини

Шпагети маринара

Вкусен рецепт за љубители на морски специјалитети.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 60мл. маслиново масло
  • 4 чешниња лук, ситно сецкан
  • 6 филети инчуни (од конзерва)
  • 800гр. домати од конзерва (пелати)
  • 200мл. бело вино
  • 500гр. шпагети
  • 300гр. школки
  • 300гр. мешани замрзнати морски плодови
  • 200гр. ракчиња
  • сецкан магдонос за декорација

Подготовка

Загрејте 2 лажици масло во голема тава на слаб оган. Пржете ги лукот и инчуните со постојано мешање 1-2 минути додека да омекнат. Додадете ги сецканите домати и виното и зголемете ја јачината на ринглата. Кога смесата ќе зоврие, намалете ја јачината и оставете го сосот да се готви 20 минути.
Во меѓувреме згответе ги шпагетите по упатството на ќесата. Процедете ги од водата и додадете во нив малку маслиново масло за да не се залепат.
Во тавата со сосот први додадете ги школките. Покријте ја тавата и гответе ги 1 минута. Потоа додадете ги ракчињта и останатите морски плодови. Гответе ги дополнителни 5 минути со повремено мешање. Зачинете го сосот со сол и бибер по вкус.
Додадете ги шпагетите во сосот, промешајте и сервирајте ги во чинии. Декорирајте ги со ливчиња свеж магдонос.
На здравје!

4 јуни 2013 - 11:26