Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 500 гр. телешко месо мелено
- 50 гр. лебни трошки
- 1 кромид ситно сецкан
- 100 гр. сланина сецкана
- 1 парче лук ситно сецкано
- 4 лажици пармезан рендан
- 1 лажичка доматно пире
- 1 јајце изматено
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Помешајте две лажици лебни трошки со две лажици пармезан и тргнете ги на страна.
Останатите состојки убаво промешајте ги и зачинете со сол и бибер. Од смесата формирајте ролат. Ставете го во плех на хартија за печење и посипете со лебните трошки со пармезан.
Печете го ролатот околу 45 минути. Оставете го 5 минути да се олади, па исечете го на парчиња. Сервирајте со прилог по желба.