Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
60 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 300 гр. пилешки гради
- 250 гр. печурки
- 200 гр. грашок
- 2 помали моркови
- 1 чешне лук
- 1 црвен кромид
- магдонос
- сусам
- сол и бибер
- црвен пипер
- 300 гр. ориз
- масло за готвење
Подготовка
Пилешките гради исечете ги на ленти.
Зачинете ги со сол , бибер и црвен пипер. Потоа извалкајте ги во сусам и пропржете ги неколку минути во загреана тава со малку масло.
Потоа извадете ги од тавата. Во истата тава додадете уште малку масло и пржете го кромидот ситно исецкан. Додадете го оризот и добро промешајте за да се намачкаат зрната со масло. На овој начин оризот нема да се залепен. По неколку минути готвење додадете ги исецканите печурки, моркови и грашок. Зачинете со сол и бибер. Можете да додадете и други зачински тревки по ваш вкус. На крај додадете го ситно исецканиот лук и свеж магдонос. Во тавата додадете 3 дл. вода. Оставете го оризот да се провари неколку минути. Потоа префрлете го во огноотпорен сад.
Одозгора наредете ги пржените пилешки филети. Покријте го со фолија и печете во загреана рерна 30 мин.