Време на подготовка:
50 мин.
Време на готвење:
65 мин.
Вкупно време:
1 ч. 55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 цело пиле
- 1 пилешка супа околу 1.2 кг
- 1 лажица маслиново масло
- 200 гр. печурки крупно исецкани
- 1 лимон
- 2 лажици магдонос ситно сецкан
- 1 лажица естрагон
- 2 парчиња лук испасиран
- 2 парчиња пршута
- 1 лажица павлака
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Загрејте го маслото и пржете ги печурките додека не добијат златна боја.
Во длабок сад помешајте ги сите состојки за полнење и зачинете со сол и бибер. Внимателно одвојте ја кожата од пилето без да ја скинете, и наполнете го пилето помеѓу месото и кожата. Заврзете ги нозете со готварски конец.
Ставете го пилето во плех, посипете го со малку маслиново масло и печете 45 минути до 1 час. Оставете го да одстои уште 15 минути после печењето, пред да го сервирате со прилог по желба.