Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
350 гр. тестенини (шпагети)
40 гр. сусам
500 гр. пилешки гради
масло за пржење
1 главица кромид, ситно сецкан
1 чешне лук
300 гр. брокула, сецкана
1 лажица чили сос
2 лажици соја сос
1 црвена пиперка, исецкана
4 главици млад кромид, исецкан
Подготовка
Сварете ги шпагетите во тенџере со вода според упатството на ќесата.
Исецкајте ги пилешките гради на тенки парчиња. Сусамот ставете го во чинија и во него извалкајте ги парчињата пилешко. Загрејте масло во тава на среден оган и во него пржете го пилешкото по 2-3 минути од секоја страна. Извадете го пилешкото врз хартиена салфета за да се впие вишокот масло.
Во вок тава ставете малку масло и загрејте ја на посилен оган. Додадете го кромидот, лукот и брокулата. Пржете ги со мешање 2 минути додека да омекне кромидот. Потоа додадете ги тестенините, исцедени од водата, соја сосот, чили сосот и половина од младиот кромид и црвената пиперка. Пржете ги уште 5 минути.
Сервирајте ги тестенините со зеленчук во чинии. Додадете го пилешкото и декорирајте со остатокот од млад кромид и сецкана пиперка.
Пријатен апетит!