Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 80мл. маслиново масло
- 2 лажици бело вино
- 2 лажици сок од лимон
- 2 лажици свеж сецкан магдонос
- 1 лажица сецкан рузмарин
- 1 лажица оригано
- 6 парчиња пилешки гради
- 2 лимони, исечени на парчиња
- свежа рукола за салата
Подготовка
Во еден сад измешајте масло, вино, сок од лимон, магдонос, рузмарин и оригано. Зачинете ја смесата со бибер. Додадете ги пилешките гради и добро промешајте ги за да се облијат. Покријте го садот со месото со фолија и оставете го во фрижидер да се маринира 4 часа.
Загрејте ја скарата на најсилно. Зачинете го пилешкото со сол п овкус и печете го по 6 минути од секоја страна. Во последните 2 минути од печењето додадете го исечениот лимон на скарата да се потпече.
Послужете го пилешкото со парчиња лимон и салата од свежа рукола.