Виетнамска салата

Пилешка салата со лимета и бибер

Вкусен и лесен ручек од пилешко со салата.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 60 мл. сок од лимета
  • 1 лажичка рендана кора од лимета
  • 1 луто пиперче, ситно сецкано без семки
  • 1 лажица соја сос
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 200 гр. боранија, исецкана на парчиња
  • марула
  • 200 гр. чери домати пресечени на половинки
  • 2 лажици сецкано нане
  • маслиново масло

Подготовка

Ставете го пилешкото во керамички сад. Во чинија измешајте ги сокот од лимета, луто пиперче, бибер, соја сос и бибер. Половина од смесата додадете ја на пилешкото. Оставете го да се маринира 10 минути.
Во меѓувреме згответе ја боранијата во тенџере зовриена вода 3 минути. Потоа ставете ја во цедалка и исплакнете ја со студена вода. Во длабок сад измепајте ја боранијата со марула, домати и нане.
Загрејте тава на рингла на посилен оган. Намачкјате ја со малку масло. Гответе го пилешкото по 3-4 минути од секоја страна.
Исечете го пилешкот на покрупни парчиња и сервирајте го во чинии. Остатокот од приготвениот сос додадете го врз салатата и поделете ја во чиниите.
Пријатен апетит!

22 февруари 2013 - 19:11