Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 200гр. ориз
- 1 главица кромид
- 1 лажичка ѓумбир
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка кумин
- 2 лажички кориандер
- 20гр. путер
- 80мл. маслиново масло
- 250гр. тиква
- 370мл. пилешка супа сварена од коцка
- 600гр. пилешко
- 20гр. сецкани бадеми
- 4 лажици сецкан магдонос
Подготовка
Загрејте електрична скара и поставете го пилешкото месо да се пече.
Во меѓувреме измијте го оризот во цедалка под млаз студена вода. Изматете го кромидот, ѓумбир, лук, кумин и кориандер во блендер.
Загрејте путер и две лажици маслиново масло во поголема тава на среден оган, Пржете ја смесата од кромид 5 минути додека да омекне. Излупете ја и исецкајте ја тиквата на ситни парчиња. Додадете ја во тавата заедно со оризот и пилешката супа од коцка.
Зголемете ја јачината на ринглата и мешајте додека да зоврие. Зачинете со бибер и 1 лажичка сол. Намалете ја јачината на ринглата, покријте ја тавата и гответе го оризот 15 минути додека да се впие течноста.
Исецкајте го испеченото пилешко месо на ситни парчиња. Одстранете ги кожата и коските. Додадете го месото во тавата со ориз. Покријте ја тавата и гответе уште 5 минути.
ИЗмешајте ги бадемите и остатокот од маслото во тава на среден оган. Пржете ги 1 минута додека да добијат златно жолта боја.
Додадете ги бадемите и маслото врз пилавот. Одозгора додадете сецкан свеж магдонос.
На здравје!