Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
60 мин.
Вкупно време:
1 ч. 10 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 пиле околу 1,7 кг
- 1 лимон
- 3 лажици маслиново масло
- 4 парчиња лук издробен
- 1 лажичка морска сол
- мајчина душичка 4 гранчиња
- лук 4 главици
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете го лимонот на половина и изцедете ја едната половина. Помешајте две лажици лимонов сок, со две лажици масло, издробениот лук, сол и бибер.
Измијте го и исушете го пилето. Со смесата истријте го пилето однадвор и внатре и во шуплината ставете ја половинката лимон и гранчињата мајчина душичка. Заврзете ги нозете на пилето со конец. Ставете го на решетка во тава за печење со градите надолу и печете околу 15 минути. На четирите главици лук одсечете ги врвовите, попрскајте ги со маслиново масло и распоредете ги околу пилето. Пилето завртете го од другата страна и печете околу 45 минути или додека не се испече. Сервирајте го пилето со печениот лук и прилог по желба.