Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 1 кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, сецкан
- 300 мл. хопла
- 50 гр. пармезан + екстра за сервирање
- 400 гр. тестенини по желба
- 250 гр. замрзнат грашок
- 2 лажички ситно сецкано нане
- 4 парчиња пршута, сецкана
Подготовка
Загрејте малку масло во длабока тава рингла на среден оган. Пропржете го кромидот и лукот 6-8 минути додека да омекнат. Додадете хопла и зачинете со сол и бибер. Загрејте го сосот до пред да зоврие и намалете ја јачината на ринглата. Гответе го уште 3-5 минути. Додадете го ренданиот пармезан и тргнете ја тавата од рингла.
Во меѓувреме згответе ги тестенините во тенџере со вода, малку сол и масло, според упатството на ќесата. Потоа процедете ги од водата, и зачувајте околу 100 мл. од течноста.
Бланширајте го грашокот во зовриена вода со малку сол 2 минути. Процедете го и испасирајте ги половина од зрната со вилушка. Додадете го грашокот и ситно сецкано нане во тестенините и промешајте.
Потоа тестенините ставете ги во тавата со хоплата и добро измешајте ги за убаво да се облијат. Ако е сосот многу густ можете да додадете малку од течноста во која ги варевте тестенините.
Поделете ги тестенините во чинии за сервирање и додадете сецкана пршута, екстра пармезан, нане и мелен бибер.