Вегетаријански ручек

Лазањи со тиквици

Лесен и многу вкусен летен ручек без месо

Време на подготовка:
55 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 кутија лазањи
  • 1 кг. тиквици
  • 350 гр. кашкавал
  • пармезан
  • сол, бибер, оригано
  • магдонос
  • црвен пипер

Бешамел сос

  • 100 гр. путер
  • 100 гр. брашно
  • 1 л. млеко
  • 1 лажичка сол

Подготовка

Излупете ги тиквиците и исечете ги на ленти. Ставете ги во плех, зачинете ги со малку магдонос и сол и печете ги 20 мин. во рерна загреана на 150 степени.
Во меѓувреме подгответе го бешамел сосот.
Во тенџере на тивок оган растопете го путерот. Потоа додадете го брашното и малку пропржете го додека добие бледо жолта боја. Додадете го млекото и солта и добро измешајте ги. Варете го околу 15 мин со повремено мешање додека да згусне сосот.

Во огноотпорно тавче ставете на дното малку од бешамелот. Потоа ставете еден ред лажањи. Прелијте ги со бешамел. Одозгора наредете еден ред тиквици, па врз нив додадете рендан кашкавал. Потоа повторете ја постапката со остатокот од лазањи, тиквици и кашкавал. Најгоре ставете го последниот ред лазањи. Прелијте ги со остатокот од бешамел сос и додадете рендан пармезан.
Печете ги 30-40 мин. во загреана рерна на 200 степени.
Послужете ги топли, декорирани со црвен пипер.

7 јули 2012 - 07:00