Мини пици

Брза пица со шунка и пиперка

Рецепт за брзи пици од лепчиња за сендвич.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 готови лепчиња за сендвич
  • 80 мл. кечап за пица
  • 1 црвена пиперка, исечена на тенки парчиња, без семки
  • 100 гр. ситно сецкана шунка
  • 100 гр. моцарела, изрендана
  • ситно сецкан свеж босилек

Подготовка

Загрејте тост или електрична скара. Пресечете ги лепчињата попречно на половинки и ставете ги да се испечат по 1-2 минути од секоја страна.
Врз секоја половинка од лепчињата намачкајте кечап. Додадете сецкана пиперка, шунка, рендано моцарела сирење. Вратете ги да е допечат уште 1 минута додека да се растопи сирењето.
Зачинете ги со ситно сецкан босилек и послужете ги веднаш.
На здравје!

7 март 2013 - 07:00