Чоколадо и јаболко

Тортички со чоколадо и јаболко

Свеж десерт од чоколадо и овошје.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
35 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 2 лажици масло за готвење растително
  • 100 гр. брашно сенаменско
  • 65 гр. какао незасладено
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 150 гр. пире од јаболко
  • 150 гр. слатка павлака
  • 120 гр. чоколадо за готвење 60 гр стопено, 60 гр сецкано
  • 2 јајца
  • 220 гр. кафеав шеќер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно тавче со малку масло и обложете го со хартија за печење. Потоа намачкајте ја и хартијата со масло.
Во среден сад измешајте ги брашното, какаото, солта и прашокот за пециво.
Во друг сад измешајте ги кафеавиот шеќер со пирето од јаболка, слатаката павлака, растопеното чоколадо, јајцата и маслото. Мешајте додека не се соединат.
Потоа додадете ја смесата со брашното и добро измешајте.
Префрлете ја смесата во тавчето за печење и внимавајте да е рамномерно распределена. Одозгора испрскајте го тестото со парченца чоколадо.
Печете 30 – 35 минути.
Почекајте колачот сосема да се излади пред да го пресечете на коцки и да го послужите.

16 ноември 2012 - 18:50