Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
1ч. 10 мин.
Порции
12 лица
Состојки
- 5 јајца
- 150гр. шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 120 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 30гр. пченкарно брашно
- 1 лажица зовриена вода
- 300мл. хопла
- шеќер во прав за декорација
- 300гр. џем од јагоди (или друго овошје по вкус)
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло две округли тавчиња (20см). Обложете ги со хартија за печење.
Со миксер изматете ги јајцата, шеќер и ванила. Матете ги 10 минути додека да добиете густа смеса.
Измешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво. Со жица за матење измешајте го брашното во кремот од јајца. Додадете 1 лажица зовриена вода. Добро измешајте ја смесата за да се изедначи. Поделете ја сместа во двете тавчиња. Печете го пандишпанот 25 минути.
По печењето оставете го да одстои 2 минути па превртете го на работна маса и оставете го да се лади.
Во меѓувреме изматете ја хоплата во цврст крем.
Поставете го едниот пандишпан на голема чинија за сервирање. Премачкајте го со џемот од јагоди. Врз џемот премачкајте го кремот од хопла. Одозгора ставете го вториот пандишпан. Декорирајте го со шеќер во прав.
Послужете ја тортата веднаш со кафе по ваш избор.