Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 75гр. сушена брусница
- 80мл. сок од портокал
- 500гр. маскарпоне сирење (го има во поголемите супермаркети)
- 100гр. шеќер во прав
- 300мл. хопла
- 2 лажици кандирано овошје (препорака кандирана кора од портокал)
- 100гр. сецкани лешници
- 120гр. чоколадо, крупно рендано
- зашеќерени гранчиња свеж рузмарин за декорација
Подготовка
Премачкајте со масло округол длабок сад (како за салата или пудинг) и обложете го со пластична фолија.
Измешајте ја брусницата со сок од портокал во длабоко тавче и гответе ја на тивок оган 5 минути. Потоа оставете ја да се излади.
ИЗматете го маскарпоне сирењето со шеќер. Додадете хопла и матете уште малку. Додадете брусница, кандирано овошје, лешници и чоколадо. Промешајте ја смесата со лажица и истурете ја во приготвената чинија.
Оставете ја во фрижидер да замрзне преку ноќ. Послужете го десертот исечен на парчиња и декориран со зашеќерени гранчиња рузмарин.