Време на подготовка:
40 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
5 лица
Состојки
- 5 јајца
- 0,5 л. хопла
- 100 гр. чоколадо со лешници
- 100 гр. наполитанки
- 3 лажици шеќер
Подготовка
Растопете го чоколадото на рингла на слаб оган и оставете го малку да се излади.
Во еден сад изматете ги жолчките со шеќер. Потребно е да ги матите околу 10 минути за смесата да добие скоро бела боја. Додадете го растопеното чоколадо и добро измешајте.
Во два посебни сада изматете ги хоплата и белките. Потоа во смесата со жолчки и чоколадо прво додадете ја хоплата, па белките и добро измешајте со лажица. На крај сомелете ги наполитанките и додадете ги во смесата за сладолед. Сладоледот ставете го во замрзнувач и оставете го неколку часа за добро да се излади.