Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1л. сладолед од ванила
- 50гр. чоколадни бисквити по ваш избор
- 1 1/2 лажица мед
- 25 x 25см готово замрзнато лиснато тесто
- 1 јајце, лесно изматено
- 4 круши, излупени и исечени на половинки
- 35гр. бадеми, исецкани на ливчиња
- 1 лажица шеќер во прав
Подготовка
Оставете ги сладоледот и лиснатото тесто малку да се одмрзнат. Потоа во еден сад измешајте го сладоледот со издробени чоколадни бисквити и мед.Вратете го во замрзнувач 2 часа за повторно да се замрзне.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете еден плех со хартија за печење. Исечете го лиснатото тесто на 4 кругови. Поставете ги во плехот. Премачкајте ги со изматено јајце.
Поставете ги половинките од крушите во центарот на секое парче лиснато тесто. Малку подвиткајте ги рабовите на тестото.
Во еден сад измешајте ги бадемите со шеќер. Поделете ги бадемите врз секое парче лиснато тесто. Печете ги 15 минути.
Послужете ги питите топли со топка од подготвениот сладолед.