Мини десерти

Пита од јаболко

Мали пити од јаболко приготвени во калапи за мафини.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 200 гр. јаболко, излупено и ситно исецкано
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 2 листа свежи кори
  • малку масло
  • 1 лажица мелени бадеми, несолени
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1/4 лажичка цимет

Фил

  • 1 лажица густин
  • 2 лажички шеќер во прав
  • 200 мл. млеко

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло 4 подлабоки калапи за мафини. За да го подговите филот измешајте густин и шеќер во прав со 1 лажица млеко во тенџере на слаб оган. Потоа додадете го останатото млеко и гответе го со постојано мешање 5-7 минути додека да се згусне кремот. Одстранете го тенџерето од рингла и остаете го да се излади.

Измешајте ги сецканите јаболки со сок од лимон. Ставете 1 кора на рамна површина. Премачкајте ја со малку масло и врз неа ставете ја втората кора. Превиткајте ги на половина. Исечете ги корите на 4 квадрати.

Притиснете го секое квадратно парче од корите во калапите за мафини. Посолете по 1/4 лажица мелени бадеми. Распределете ја во секој калап врз корите 3/4 од смесата од јаболки и лимон. Додадете шеќер во прав и половина од циметот.

Печете ги питите 15 минути во загреана рерна додека да добијат корите златно жолта боја. Оставете ги да одстојат 5 минути за малку да се изладат. Потоа врз питите додадете го подготвениот фил од густин и остатокот од јаболката. Зачинете со остатокот од цимет.

Пријатен апетит!

6 февруари 2013 - 07:00