Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 1 кг. цреши без семки (свежи или замрзнати)
- 220 мл. вода
- 110 гр. шеќер
- 2 лажици гриз
- 110 гр. брашно
- 4 лажици кафеав шеќер
- 100 гр. сецкани фстаци
- 40 грама изладен маргарин
Прелив
- шлаг пена
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Измешајте ги во тенџере црешите, водата, шеќерот и гризот и зовријте ги на рингла на среден оган. Варете ги 10 минути со повремено мешање. Поделете го компотот од цреши во 8 огноотпорни чаши. Ако немате огноотпорни чаши за поединечни порции ставете го компотот во еден поголем сад за печење.
Измешајте го брашното со кафеавиот шеќер и фстаците. Потоа замесете го со маргаринот исецкан на коцки. Смесата додадете ја во огнотопорните садови врз компотот од цреши.
Печете ја питата со цреши во загреана рерна 30 минути.
Послужете ја питата изладена и декорирана со шлаг пена и цреши. На здравје!