Лесен десерт

Мрзлива чоколадна торта

Уште еден рецепт за сите љубители на чоколадо.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 120 гр. несолен путер
  • 220 гр. кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 240 гр. павлака, на собна температура
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 225 гр. брашно
  • 75 гр. какао
  • 1/2 лажичка прашок за пециво

Прелив

  • 200 гр. темно чоколадо, рендано
  • 300 мл. хопла

Подготовка

Ставете го ренданото темно чоколадо во длабок сад. Ставете ја хоплата во тенџере и зовријте ја на рингла на среден оган. Потоа веднаш истурете ја врз чоколадото и мешајте додека не се растопи.
Поделете го кремот нво два сада и покријте го со капак. Едниот сад ставете го во фрижидер 1 час. Другиот сад оставете го на собна температура.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте две округли тавчиња со малку масло и ставете хартија за печење.
Ставете ги путерот и шеќерот во тенџере. Растопете ги околу три минути на рингла на среден оган со постојано мешање. Тргнете ги од оган и додадете ги јајцата, павлаката и ванилата. На крај додадете ги брапното, какаото и прашокот за пециво.
Добро измешајте го тестото и поделете го во двете тавчиња.
Печете го тестото во рерна околу 35 минути. Потоа оставете го да се излади.
Извадете го кремот од фрижидер и добро промешајте го. Со овој крем премачкајте го едниот пандишпан. Врз кремот ставете го вториот пандишпан и лесно притиснете.
Одозгора истурете го кремот што го оставивте на собна температура.
На здравје!

1 февруари 2013 - 18:59