За љубители на урми

Колач од урми

Време на подготовка:
35 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 200 гр. урми без семки
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 200 мл. зовриена вода
  • 60 гр. путер
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 260 гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво

Прелив

  • 200 гр. кафеав шеќер
  • 200 мл. хопла
  • 100 гр. путер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете со малку масло едно округло тавче (18 см). Обложете го со хартија за печење.
Ставете ги исчистените урми и сода бикарона во длабок сад. Прелијте ги со зовриена вода и оставете ги да одстојат 20 минути.
Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додадете јајца и продолжете со матење. Потоа со лажица додадете ги урмите и брашното. Измешајте го убаво тестото за да се соедини.
Префрлете ја смесата во тавчето и печете 45 минути. Потоа колачот оставете го да одстои 10 минути за малку да се излади.
Во меѓувреме во тенџере измешајте ги кафеавиот шеќер, хоплата и путерот и сварете ги на појак оган. Варете ги околу 3 минути додека да зоврие смесата. Потоа намалете ја ринглата и варете уште 2 минути.
Послужете го колачот исечен на парчиња и прелиен со топлиот сос.

8 февруари 2013 - 20:12