Ледени коцки

Колач Монте

Лесен рецепт за еден вкусен летен десерт.

Време на подготовка:
45 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 25 мин.

Порции

16 лица

Состојки

  • 6 жолчки од јајца
  • 6 белки од јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици мелени ореви
  • 2 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво

Фил

  • ½ л. млеко
  • 4 лажици густин
  • 5 лажици шеќер
  • 1 маргарин

Прелив

  • ½ л. хопла
  • 200 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. "Мilka" чоколадо

Подготовка

Со миксер добро изматете ги жолчките и шеќерот. Потоа постепено лажица по лажица додавајте ги мелените ореви, брашното и прашокот за пециво и продолжете со матење.
Во друг сад цврсто изматете ги белките. Потоа со лажица додадете ги во смесата со жолчки и внимателно измешајте. Смесата за тестото истурете ја во еден плех и печете ја 30-40 мин. во загреана рерна на 180 степени.

Ставете го млекото во тенџере на рингла на силен оган додека да зоврие. Измешајте ги густинот и шеќерот со 2-3 лажици ладно млеко. Потоа додадете ги во зовриеното млеко и варете ја смесата неколку минути со постојано мешање додека да згусне. Потоа тргнете го тенџерето на страна и оставете го сосема да се излади.
Во еден сад изматете го маргаринот со миксер. Потоа додавајте го сварениот густин лажица по лажица и продолжете со матење.

Растопете го на пареа чоколадото искршено на коцки и помешано со хоплата. Повремено мешајте додека смесата не се растопи и соедини. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го преливот да се излади неколку минути.
Колачот поставете го врз чинија за сервирање. Филувајте го со кремот од густин. Потоа прелијте го со глазурата од хопла и чоколадо.

21 јуни 2012 - 20:20