Време на подготовка:
45 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
40 парчиња
Состојки
- 100гр. црни сливи без семки, исецкани
- 80мл. рум
- 250гр. црно чоколадо, искршено на коцки
- 125гр. путер
- 250гр. бисквити
- 80 гр. печени лешници
- кора од 1 портокал
- 50 гр. бадеми , испечени и исецкани
- какао за декорација
Подготовка
Во тава измешајте ги сливите со рум. Сварете ги на среден оган додека да зовријат. Потоа тргнете ги од рингла.
Растопете го чоколадото на пареа заедно со путерот. Сомелете ги бисквитите и лешниците. Смесата од црни сливи и рум изматете ја во блендер и додадете ја во бисквитите со лешници.
Во смесата додадете кора од портокал и растопеното чоколадо. Добро измешајте ја сместа и оставете ја во фрижидер 15 минути за малку да се стегне.
Обложете поголем плех со хартија за печење. Во посебни садови ставете ги сецканите бадеми и какаото. Со раце формирајте топчиња од чоколадната смеса. Половината од топчињата извалкајте ги во бадемите а другата половина во какаото. Поставете ги на плехот и чувајте ги во фрижидер до послужување.
На здравје!