Чокоадо и вишни

Чоколадни колачиња со вишни

Лесни колачи со чоколадни трошки и вишни.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

20 лица

Состојки

  • 200 гр. путер несолен
  • 85 гр. шеќер
  • 85 гр. кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • 225 гр. брашно саморастечко
  • 50 гр. црно чоколадо
  • 50 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. вишни (може замрзнати)
  • сол

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Чоколадото и вишните исецкајте ги на крупни парчиња. Со миксер изматете го путерот, шеќерот и јајцето додека не добиете еднолична смеса. Додадете го брашното, чоколадото, вишните и половина лажичка сол. Промешајте со лажица додека не се изедначи смесата. Од оваа смеса ќе добиете околу 20 колачиња. На плех ставете хартија за печење и со лажица формирајте кружни форми. Колачињата треба да имаат простор помеѓу нив, бидејќи во текот на печењето може значително да пораснат. Ставете го плехот во рерна и печете 10-15 минути додека колачињата не добијат златно жолта боја. Извадете го плехот и оставете ги колачињата да се изладат пред да ги послужите.

25 ноември 2012 - 20:19