Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
25 парчиња
Состојки
- 400 гр. мелени ореви (или друго јаткасто овошје по вкус)
- 20 урми без семки
- 200 гр. какао
- 1/4 лажичка сол
- 1/2 лажичка екстракт од ванила
Подготовка
Во блендер додадете ги оревите, какаото и солта и добро измешајте ги.
Потоа додадете ванила екстракт.
Додавајте ги урмите една по една во блендерот. Со додавање на повеќе урми тестото ќе се лепи поубаво и нема да се распаѓа, но исто така ќе е по густо и по благо. Затоа е неопходно да се процени доволната количина на урми.
Смесата од блендерот префрлете ја во правоаголна тава и добро притиснете ја за да ја добие формата на тавата како калап.
Ставете ја тавата со колачот во фрижидер и оставете ја околу 10 минути за да се стегне. Потоа исечете го на коцки. Колачите послужете ги декорирани со шеќер во прав или какао.