Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
6-8 лица
Состојки
- 100 гр. бадеми, сецкани
- 100 гр. ореви, сецкани
- 3 парчиња бисквити, крупно здробени
- 60 гр. путер
- 350 гр. чоколадо за готвење
- 50 мл. црно кафе
- 1 лажичка рендана кора од портокал
- 100 гр. шеќер во прав
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги бадемите, оревите и бисквитите на плех и печете ги 6-8 минути. Потоа оставете ги да се изладат.
Растопете го чоколадото и путерот во тенџере на слаб оган, со постојано мешање. Додадете го кафето и печените бадеми, ореви и бискивити и добро измешајте. Додадете ја кората од портокал, измешајте додека да добиете изедначена смеса и потоа покријте го садот и оставете ја во фрижидер 2 часа.
Поделете ја изладената смеса на два дела. Префрлете ја половина од смесата врз чист најлон, формирајте цилиндер со раце, па замотајте ја во најлонот, стегнете ја и тркалајте ја на работната површина за да добиете правилна форма на салама. Повторете ја постапката и со другата половина од чоколадната смеса. Ставете ги чоколадните салами во фрижидер еден час за да се зацврстат.
Пред да го послужите десертот, одстранете го најлонот и извалкајте ја саламата во чешер во прав. Пресечете ја на кругови со остар нож и послужете ја.
На здравје!