Божиќен десерт

Чоколаден крем

Вкусен чоколаден крем десерт. 

Време на подготовка:
 мин.

Време на готвење:
 мин.

Вкупно време:
 мин.

Порции

20 парчиња

Состојки

  • 220 гр. путер
  • 220 гр. крем сирење
  • 900 гр. шеќер во прав
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. какао
  • 1 лажичка ванила екстракт

Подготовка

Во длабок сад на слаб оган полека растопете ги путерот и крем сирењето. Постојано мешајте ги и не дозволувајте смесата да зоврие. Потоа тргнете го садот од рингла. Веднаш додадете ги шеќерот, ванилата и какаото за да може шеќерот да се растопи во врелата смеса. Добро изматете го кремот со миксер за да добиете изедначена смеса. 

Обложете правоаголно тавче со хартија за печење, истурете го кремот и рамномерно разнесете го. Оставете го тавчето со кремот во фрижидер за да се стегне. Послужете го десертот пресечен на коцки.

Пријатен апетит!

13 декември 2012 - 19:49