Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
20 лица
Состојки
- 3 јајца
- 3 филџани шеќер
- 2 филџани млеко
- 1 филџан масло
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер
- 100 гр. чоколадо
- 11-12 лажици брашно
Подготовка
Белките се матат во посебен сад заедно со шеќерот, а жолчките во посебен сад. Откако ќе ги изматите жолчките се додаваат во белките и се матат додека се соединат. Потоа се додава млекото, маслото, пецивото и ванилин шеќер и се продолжува со матењето. На крај се додаваат 11-12 лажици брашно и се промешува со лажица.
Смесата се става во тепсија претходно намачкана со масло и со малку брашно и се става да се пече во рерна загреана на 200 степени.
Чоколадото растопете го на рингла на тивок оган. Откако тортата ќе се излади се сече на парчиња и се премачкува со растопеното чоколадо. Оставете го колачот да се излади пред да го сервирате.
На здравје!