
Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
10 лица
Состојки
- 5 филџани шеќер
- 1 филџан вода
- 1 филџан зејтин
- 2 лажици какао
- 5 филџани брашно
- 100 гр. сусам
Подготовка
Во тенџерче на оган ги ставаме шеќерот, водата, зејтинот и какаото да зовријат. Потоа го додаваме брашното и мешаме убаво додека да се изедначи смесата. На крај го додаваме и сусамот.
Земаме со лажица од смесата и полниме во силиконски калапи.Оставаме алвата да се стегне и потоа ги вадиме парчињата од калапите и послужуваме. Доколку немате калапи може алвата да се истури во подмачкано тавче и откако ќе се стегне да се сече на коцки.