Теријаки пилешки крилца

Состојки

  • 1 килограм пилешки крилца

За МАРИНАДА ќе ви треба:

  • 1 шолја сос од соја
  • 1 шолја вода
  • 1/2 шолја мед
  • 1/2 шолја кафеав шеќер
  • 1/4 шолја јаболков оцет
  • 1/4 шолја масло
  • 4-5 чешниња згмечен лук
  • 1 лажичка ѓумбир во прав или рендан

Мерете со шолја од 250 милилитри.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Сад за сос.

Подготовка

Чекор 1: Најпрво добро измешајте ги сите состојки за маринадата. На крилцата отстранете им ги врвовите, пресечете ги на половина, и добро измешајте ги во маринадата. Оставете ги во фрижидер најмалку 1 час, но не подолго од 2 часа, бидејќи ќе потемнат од маринадата.

Чекор 2: Маринираните крилца наредете ги во тавата со кожата надолу, покријте ги со алуминиумска фолија и печете ги во загреана рерна на 175С, 30 минути. Во меѓувреме провријте ја маринадата за да се згусти, до густина слична како мед.

Чекор 3: По 30 минути, извадете ја фолијата, премачкајте ги крилцата со густата маринада и ставете ги да се печат уште четириесетина минути. Премачкајте ги со густата маринада уште 2 пати на секои 10 до 15 минути. Кога ќе бидат готови треба да се карамелизирани, лепливи и неодоливо вкусни!

Чекор 4: Сервирајте ги со луто пиперче, за оние кои сакаат уште попикантен вкус. Уживајте!

СОВЕТ: Овој рецепт бара малку повеќе време, како за рецепт за подготовка на пилешки крилца, но вкусот со кој ќе бидете наградени на крајот вреди многу повеќе!

22 март 2014 - 08:00