Состојки
За солените коцки од палента ќе Ви треба:
- 250 гр. палента
- 250 мл. млеко
- 100 гр. путер
За вегетаријански сос ќе Ви треба:
- 4 печени пиперки
- 1 конзерва исецкани домати
- 1 рака спанаќ
За сос од сино сирење ќе Ви треба:
- 100 гр. сино сирење
- 50 гр. путер
- 4 супени лажици брашно
- 100 мл. млеко
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола, Делимано Округла тава, Делимано Тава за пржење и Делимано Сад за сос.
Подготовка
Чекор 1: За да ја подготвите палентата прво стопете го путерот на малку масло. Стоплете го млекото, па потоа додадете ја палентата. Постојано мешајте. Додадете сол и бибер по желба и, доколку има потреба, можете да додадете и вода или млеко.
Кога палентата ќе биде готова, ја истураме во Делимано Округлата тава, со лажица ја измазнуваме и ја ставаме во фрижидер.
Чекор 2: За овој рецепт подготвуваме 2 соса – едноставен вегетаријански сос од печени црвени пиперки и домати од конзерва. Исечкајте 4 пиперки и гответе ги заедно со доматите од конзерва. Сосот богато зачинете го.
Чекор 3: За подготовка на сосот од сино сирење, прво во тавата за пржење стопете го путерот. Во него го додаваме брашното и убаво мешаме додека малку не пожолти. Го додаваме ладното млеко и мешаме додека бешамел сосот да ја добие потребната густина. Користете ладно млеко за да не се појават грутки во сосот. Ги додаваме парчињата сино сирење и добро промешуваме. Оставете малку од синото сирење за декорација при сервирањето.
Чекор 4: По 1 час извадете ја тортата од палента од фрижидер и исечете 4 парчиња. По 2 парчиња ќе послужиме со секој од сосовите. Врз вегетаријанскиот сос ставете исечкан жив спанаќ. Другото парче полејте го со сосот од сино сирење и одозгора ставете парчиња од сирењето.
СОВЕТ: Откако ќе го направите овој рецепт, можете тортата да ја исечете на парчиња кои ќе ги замрзнете - извадете едно парче од фрижидер неколку часа претходно и уживајте во него за појадок во комбинација со јајца или пак за вечера заедно со пилешко и добар сос.