Состојки
ЗА МАРИНАДАТА ќе Ви треба:
- Половина кафена лажичка сол
- Половина кафена лажичка соја сос
- 1 супена лажица пченкарен скроб
- 1 супена лажица студена вода
- 1 жолчка
ЗА ЈАДЕЊЕТО ќе Ви треба:
- 400 грама пилешко месо
- 1 црвена пиперка
- 2 мали моркови
- 1 главица кромид
- 3 кругчиња ананас
ЗА СОСОТ ќе Ви треба:
- 4 супени лажици оцет
- 4 супени лажици кечап
- 4 супени лажици шеќер
- 5 супени лажици студена вода
- 5 супени лажици сок од ананас
- 3 кафени лажички пченкарен скроб
- 1 супена лажица сол
- Сол, бибер и маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво однапред ќе ја направиме маринадата… Сите состојки измешајте ги заедно во длабока чинија… Жолчката ќе им помогне да се врзат и да го покријат месото.
Следно ставете го пилешкото... Ова јадење можете да го направите и со свинско месо. Добро покријте го со сос и потоа ставете го во фрижидер најмалку 30 минути… Подобро е ако тоа одстои преку ноќ, но и 30 минути ќе и овозможат на маринадата да го постигне својот ефект.
Чекор 2: Време е за сецкање: Исечкајте го зеленчукот… Исечете ја црвената пиперка, потоа излупете ги морковите на ленти и исечкајте го кромидот на кругови.
На крај исечкајте го ананасот на коцки…
Чекор 3: Следен ќе го правиме сосот… Ставете ги сите состојки заедно во длабок сад и добро измешајте ги… Овие состојки ќе ги искористиме на крајот на готвењето.
Чекор 4: Време е за готвење: Загрејте ја вок тавата додека термо сензорот да стане црвен... Потоа ставете го пилешкото во маслото и пржете го со мешање... Ќе забележите дека маринадата создава прекрасен слој на месото… навистина вкусно.
Кога месото ќе добие боја тргнете го на страна… Ставете малку масло и зеленчукот пржете го со мешање неколку минути за да омекне…
Прелијте го месото со сосот и продолжете да го пржите за сосот да се згусне и готови сме со подготовката... Спремни сме за сервирање.
Чекор 5: Направете подлога од ориз и врз оризот ставете го слатко киселото пилешко со лажица... Огладневме зборувајќи за јадењево!
СОВЕТ: Лесно ли беше? Можете да си поигрувате со комбинацијата на зеленчук, или да направите верзија само со зеленчук без месо и маринада... Клучните состојки се ананасот и сокот од ананас кои слатко киселиот сос го прават сладок.