Состојки
- 500 грама лиснато тесто
- 2 големи портокала
- 5 супени лажици маскарпоне
- 300 милилитри вода
- 100 грама шеќер
- Нане за украсување
Подготовка
Чекор 1: Излупете ги портокалите со раце.
Потоа исечкајте ги на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Подоцна ќе ги наредиме врз питата.
Чекор 2: Време е да си поиграме со тестото...
Ставете брашно на масата.
Користиме лиснато тесто купено од продавница. Лиснатото тесто секогаш е подобро за работа кога е изладено во фрижидер.
Наросете брашно одозгора и месете го додека достигне дебелина од приближно 1 сантиметар.
Свиткајте ги рабовите од тестото за да создадете џеб во средината, потоа со вилушка притиснете ги рабовите на основата.
Чекор 3: Врз тестото ставете четири супени лажици маскарпоне сирење и убаво распоредете го врз основата. Ова ќе му даде прекрасен, кремест вкус на пецивото.
Редете слоеви портокал, додека не се прекрие средината на тестото.
Уште еднаш притиснете ги рабовите, овојпат со раце.
Чекор 4: Ставете го лиснатото тесто во рерна загреана на сто педесет степени и печете го дваесет минути. Претходното загревање на рерната овозможува долниот дел на тестото подобро да се испече.
Чекор 5: Во меѓувреме, во тава турете ја водата и шеќерот, за да направите шербет, вриејќи го околу 5 минути, додека не испари до потребната густина.
Чекор 6: Извадете ја питата од рерна...
Потоа прелијте ја полупечената пита со шербет и вратете ја во рернате да се пече уште петнаесет минути.
Чекор 7: Време е за сервирање: Исечете парче пита и сервирајте го на чинија...
Ставаме една лажица сирење маскарпоне, рендаме малку кора од портокал и го завршуваме украсувањето со гранче нане.
СОВЕТ: Ова е одличен рецепт кој можете да го пробате во било време од годината со овошјето кое Ви е достапно. Ние користиме портокали во питата, но Вие како алтернативна комбинација можете да ја направите со јаболка или круши.