Состојки
- 10 мали компири
- 3 лимони
- 100 грама путер
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво излупете ги компирите. Користиме мали компири, но секако можете да користите и поголеми и да ги исечете на парчиња.
Ќе ни требаат околу 4-5 компири по човек.
Откако ќе ги излупите, со мал остар нож засечете линии скоро до средината на компирот. Во средината од компирот оставете неисечен дел од приближно 1 сантиметар. Тоа ќе помогне компирите побрзо да се зготват, но исто така ќе им овозможи вкусовите на лимонот, путерот и зачините да навлезат во внатрешноста.
Сега пресечете два лимона на половина и оставете ги на страна.
Чекор 2: Сега ќе го започнеме готвењето во тава… Стопете малку путер и масло во тавата…
Ставете сол и бибер. Ставете и кора од еден лимон.
Ставете ги компирите и пропржете... Се обидуваме компирите да ги збогатиме со што повеќе боја и вкус пред да ги ставиме во рерна да се печат…
Сипете го сокот од 2 лимона. Внатре ставете ги и исцедените лимони. И неколку гранчиња рузмарин.
Во меѓувреме, рерната загрејте ја на 200 степени.
Продолжете да ги готвите компирите додека не потемнат и заруменат пред да ги сипете право во Делимано тавата за печење.
Чекор 3: Ставете ги во рерна да се печат 25 минути на температура од 200 степени.
Извадете ги кога ќе бидат готови и спремни сме за сервирање.
Чекор 4: Време е за сервирање: Ставете неколку компири во чинија со исечените страни свртени нагоре. Ги сервираме со парче пилешко месо.
За крај, украсуваме со неколку кришки свеж лимон и и гранче рузмарин.
СОВЕТ: Печени Компири со Лимон се одличен гарнир за јагнешко и пилешко месо, а особено риба. Можете да ги печете во истата тава со месото за да ги измешате соковите или да им ставите малку сладок црвен пипер пред печењето.