Печена мисирка

Состојки

  • 1 мисирка
  • Една рака листови жалфија
  • 125 грама путер
  • 6 парчиња сланина
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • Една рака магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер.

Подготовка

Чекор 1: Прво ќе го направиме путерот со билки. Исечкајт его магдоносот, а потоа и листовите жалфија. Ставете го путерот загреан на собна температура во длабок сад, а потоа ставете ги и исечканите билки. На крај ставете сок од половина лимон и зачинете со сол и бибер. Убаво измешајте со раце додека разните состојки да се измешаат со путерот.

Чекор 2: Сега ќе ја подготвиме мисирката. Таа треба да биде чиста одвнатре. На дното од тавата ставете коренест зеленчук кој ќе ги собере соковите од мисирката и ќе спречи таа да се залепи за дното.

Чекор 3: Протнете ја раката меѓу кожата и месото и намачкајте го месото со путерот со билки. Турнете ја раката длабоко над градите на мисирката до самиот врв. Сакаме да ги намачкаме градите со путерот со билки што ќе ѝм даде вкус и со што ќе останат сочни за време на печењето.

Чекор 4: Пресечете го портокалот на половина и едната половина ставете ја внатре во мисирката, а со втората затворете го отворот.

Чекор 5: Прелијте ја мисирката со маслиново масло. Премачкајте ја со маслото со двете раце, а потоа почнете да редите парчиња сланина одозгора. Ставете по некое парче и на копаните. Не мора да ја јадеме сланината, но таа ќе помогне месото да остане сочно одвнатре додека се пече.

Чекор 6: Ставете уште малку од путерот со билки на мисирката и спремни сме за печење.

Чекор 7: Ставете ја мисирката во рерна на температура од 180 степени и печете ја околу 20 минути по килограм, плус уште 60-70 минути. Проверете ја по околу час и половина да видите до каде е. Боцнете го месото со остар нож и ако од него истечат чисти сокови без крв – готова е.

Чекор 8: Извадете ја од рерна и оставете ја да остстои. Ако имате време, замотајте ја со фолија и оставете ја да отстои еден час.

За да ја сервирате, извадете ги копаните, потоа и крилата и почнете да го сечете белото месо. Сервирајте на чинија со зеленчукот од тавата и оставете ги присутните сами да се послужат.

СОВЕТ: Можете и да ја превртите мисирката наопаку додека ја печете за соковите да се задржат во градите. Овде испековме мисирка од 3 ипол килограми која е сосема доволна за 6 до 8 лица.

24 декември 2013 - 07:50