Лосос со песто од магдонос и кора од пармезан

Состојки

  • 2 кременадли од лосос
  • Полн грст магдонос
  • Мал грст ореви
  • 75 грама пармезан
  • 2 чешниња лук
  • 100 милилитри маслиново масло
  • Полн грст презла
  • Сол и бибер

Подготовка

Чекор 1: Пред да го направиме пестото ќе ја посолиме рибата… Тоа помага да се извлече вишокот течност од рибата и таа да стане цврста. Ставете ја рибата на страна... Рерната загрејте ја на температура од 150 степени.

Чекор 2: Време е за песто: Во сад ставете ги магдоносот, оревите, лукот, солта и биберот… Прелијте ги со обилна количина маслиново масло и измешајте ги со помош на блендер… Во пестото нема да ставиме пармезан затоа што подоцна ќе ставиме доволна количина врз рибата пред да ја печеме.

Чекор 3: Ставете ги кременадлите од лосос во Делимано тавата за печење… со лажица покријте ја рибата со пестото, врз неа ставете ја и презлата (овде користиме презла од чиабата леб) и потоа ставете обилна количина рендан пармезан одозгора.

Чекор 4: Ставете ја тавата во рерна загреана на температура од 150 степени околу 20 минути… Овде користиме дебели кременадли од лосос, па можеби ќе ни треба малку повеќе време… Кога кората ќе стане крцкава, извадете ја тавата од рерна и ќе забележите дека рибата испуштила многу софт.

Чекор 5: Време е за сервирање: Едноставно ставете едно парче риба во чинија... Ние јадењето го сервираме со компири со путер и магдонос…

СОВЕТ: Лосос и песто е одлична комбинација. Овој рецепт лесно би можеле да го направите и со традиционално песто на основа на босилек, но магдоносот секогаш добро оди со риба. Можете да бидете флексибилни со пестото... зошто не го направите со рукола или коријандер?

5 април 2014 - 08:00