Леб со банани и чоколадо

Состојки

  • 125 грама бајати банани
  • 125 грама брашно
  • 75 грама шеќер
  • 1 јајце
  • Половина кафена лажичка сол
  • 50 грама путер
  • 1 кафена лажичка прашок за пециво
  • 75 грама темно чоколадо

Подготовка

Чекор 1: Полека стопете го путерот во тава на среден оган. А потоа оставете го да се излади.

Чекор 2: Испасирајте ги бананите во чинија со вилушка. Од некоја чудна причина ова ни претставува задоволство!

Чекор 3: Исечкајте го чоколадото на мали парчиња. Овде користиме квалитетно млечно чоколадо, но би одговарало и темно или бело чоколадо.

Чекор 4: Измешајте ги сувите состојки во длабок сад. Шеќерот, брашното, прашокот за пециво и солта. Смесата треба да биде растресита.

Чекор 5: Земете едно јајце и изматете го, заедно со изладениот стопен путер. Сега сме спремни да ги измешаме сите компоненти заедно.

Чекор 6: Ставете ја смесата од јајце и путер заедно со испасираните банани и парчињата чоколадо во смесата со брашното и нежно измешајте со дрвена лажица – нема потреба да претерувате со мешање.

Чекор 7: Земете го Делимано калапот за векни и нежно намачкајте го со путер пред во него да ја сипете смесата. Ставете го во рерна на температура од 160 степени околу 45 до 50 минути.

Чекор 8: Едноставно превртете ја векната и ставете ја на чинија за сервирање. Оставете го лебот да се излади 10 минути пред да го исечете. Не морате да ставате уште путер. Ова веќе е слатка закуска!

СОВЕТ: За подготовка на лебот со банани се потребни само 5 минути и можете набрзина да го подготвите за пријателите кои Ви доаѓаат на кафе. Ставете парчиња суви банани одозгора за декорација, или направете двојно повеќе смеса и изпечете и мафини!

30 јануари 2014 - 08:00